Кралот на костимитe доаѓа од Најроби

78

Модниот стил има важна улога во модернотo индивидуалистичко општество. Тоа е еден од начините на кој ја изразуваме својата личност, а речиси сигурно луѓето, свесно или не свесно, ги оценуваат останатите личности врз основа на нивниот избор на облека.

Токму за тоа е свесен и Џејмс Мајна Муанги, кој за себе вели дека е „личност со најмногу стил во Африка“.

Овој средовечен Кениец поседува повеќе од 160 костими, 300 шапки и 200 чифта чевли.

Тој го привлече вниманието на светот кога во 2018 година  даде интервју за Би-Би-Си, а неодамна повторно се најде во центарот на вниманието во светот заради своите модни комбинации, кои сега вклучуваат и маски во бои и дезени кои се усогласуваат со останатиот дел од неговата облека.

Муанги се труди, исто така, костимот да го усогласи и со часовникот, шапката, прстените, чорапите, шамичето, пенкалото и маската за телефонот.

Тој ужива да носи силни бои, и воопшто не се срами во која било доба од денот да прошети во Најроби облечен во некоја од своите екстравагантни комбинации.

Во споменатото интервју дадено за Би-Би-Си Муанги изјавил дека во престолнината на Кенија дошол само со една маичка и дека другите го задевале за тоа.

Набрзо одлучил да промени нешто во својот живот и го замолил Бога да му помогне. Тој тврди дека од Бог барал три нешта:моден вкус, слобода на избор и мудрост. За првата е сигурно дека Муанги го има и одвишок.

Извор:https://classic105.com