Дома LIFE Кралицата Елизабета го поништи витешкото одликување за Харви Вајнстајн

Кралицата Елизабета го поништи витешкото одликување за Харви Вајнстајн

111

Британската Кралица Елизабета официјално му го поништи одликувањето на Харви Вајнстајн, откако е осуден за сексуален напад на асистентката и силување на актерка.

„Кралицата нареди веднаш да се откаже и поништи одликувањето на Харви Вајнстајн за почесен командант на цивилниот огранок на најзначајниот поредок на британската империја, од 29 јануари 2004 година“, се вели во официјалното соопштение.

Шеесет и осумгодишниот Вајнстајн отслужува 23-годишна затворска казна во државата Њујорк откако беше осуден на 24 февруари.

Вајнстајн ја обжали пресудата.

Некогаш еден од најмоќните продуценти на Холивуд, Вајнстајн (67) е прогласен за виновен за сексуален напад врз поранешната асистентка Мими Халеји во 2006 година и за силување на Џесика Ман, поранешна актерка, во 2013 година.

Повеќе од 80 жени, меѓу кои и познати актерки, го обвинија за сексуално вознемирување извршено во последните децении. Тој ги негира сите обвиненија и тврди дека жените се согласиле да имаат секс со него.

Обвинителите го претставија за време на судењето како сериски предатор кој манипулирал со жените ветувајќи им дека ќе им ги отвори вратите во светот на филмот, привлекувајќи ги во хотелски соби и приватни апартмани каде потоа ги напаѓал.

Ман рече дека тој е како „д-р Џекил и мистер Хајд“, шармантен во јавноста, но често застрашувачки бесен кога биле сами.

Вајнстајн е обвинет за сексуален напад и во Калифорнија, а десетици жени поднеле граѓански тужби против него.