Британското кралско семејство бара нов готвач, кој би се приклучил на нивното домаќинство, стои во оглас на сајтот на Бакингемската палата.

Работното место би му било во палатата, а од него се бара да прави храна по највисоки стандарди. Иако не е јасно наведено за кои членови на кралското семејство би работел готвачот, се верува дека неговите задолженија би се однесувале на целото семејство, бидејќи во описот на работата стои дека би патувал и во други кралски резиденции.

Платата изнесува нешто помалку од 24.500 евра годишно, а од кандидатите се очекува да подготват разни менија за широк спектар на настани, да работат со квалитетни состојки и да се приклучат на остварен тим од професионалци.

Во огласот во Бакингемската палата стои: “Како што би очекувале, стандардите тука се високи, така што ќе мора да бидете амбициозен и квалификуван готвач”.

Можеби имате некое претходно искуство, но вашата способност и ентузијазмот се пресудни да ни ги пружите услугите во сите сегменти на кујната. Најдобро работете во тим, а со своите вештини за комуникација и прилагодливост ќе уживате во работата со своите колеги.

Важно е да им посветите внимание на деталите, да ги испочитувате роковите и да обезбедите храната да се доставува на време. Палатата истакнува дека најважно е да се покаже ентузијазам и способност да се претставите во сите сегменти на кујната.

Краен рок за пријава е 28-ми јули и тоа пет минути пред полноќ.

Поранешниот шеф на кујната на кралското семејство Дарен МекГрејди, кој 15 години работел за кралското семејство, претходно открил дека кралицата сака да патува со внимателно спакувана ужинка.