Кражба на стока во Кенија:Убиени најмалку единаесетмина, меѓу кои осум полицајци, при судирот со крадците

72

Најмалку 11 луѓе, вклучувајќи осум полицајци, загинаа во судирот со крадци на стока на северот на Кенија, соопшти денес тамошната полиција.

Кражбата на стоката и споровите околу изворите на вода или пасишта се вообичаени во селските области на северна Кенија кои се граничат со Етиопија и Јужњн Судан.

Полицијата на Кенија ја осуди како „злосторничка и кукавичка“ заседата на крадците кои убија осум полицајци, два цивила и еден локален шеф.

Полицајците ги бркале крадците кои нападнале едно село и избегале со стоката.