На еден 30-годишен Јапонец во Париз му украле саат вреден 800.000 евра, се дознава од полициски извори. Бизнисменот останал без луксузниот личен предмет кога завчера вечер излегол на пушење пред луксузниот хотел каде што отседнал.

Непознатиот човек му пришол барајќи му цигара. Кусо потоа, крадецот ја зграпчил раката на Јапонецот, му го зел часовникот и побегнал.

Саатот од брендот „Ришар Мил”, модел „Турбијон дајмонд твистер” се проценува на 768.000 евра.

Во бегството, на крадецот му испаднал мобилниот телефон.