Никита Мазепин е само еден во низата млади возачи кои ќе дебитираат во Формула 1 оваа сезона која стартува 28. март со трката за Големата награда на Бахреин.

Многу коментатори и аналитичари веќе воопшто немаат добро мислење за рускиот возач, а истото го повтори и шефот на Алфа Таури, Франц Тост.

Мазепин ќе го вози болидот на Хас, а негов тимски колега ќе биде Мик Шумахер, синот на легендарниот Ферманец Михаел. Исто така и Јапонецот Јуки Цунода се издвојува меѓу младите возачи.

  • Имаме неколку млади возачи кои се добри. Покрај Мик и Јуки, тука е и Роберт Шватцман. Имам високо мислење за нив тројца и тие ќе бидат иднината на Формула 1. Мазепин? Знам да бидам многу дрзок и ќе кажам дека не може да се претвори крава во тигар, бидејќи секогаш зависи од тоа колку е некој паметен кога ќе седне во болидот, смета Тост.

Мазепин предизвика скандал ова лето објавувајќи видео на кое ја допираше својата девојка за гради додека неговиот пријател вози. Оттогаш беше под остри критики, но од тимот на Хас сепак го задржаа во своите редови.