Во својот најнов спот за најновата песна “Hit me“, Томас Вурст има комплетно нов физички изглед, а тој изглед е всушност неговиот природен изглед. Тој е маж и нема врска со тоа дека има пореметување на хормоните. А, кој е Томас? Тој е оној кој победи на “Песна на Евровизија 2014“ но како Кончита.Тогаш беше облечен како жена но со брадата. Таков имиџ му овозможи да стане популарен ширум светот, а сега тоа треба се да се заборави.Но тешко.

Вака денес изгледа Евровизискиот победник Томас Вурст-Кончита

Том Новирт е човекот кој стои зад Кончита, а во меѓувреме создава од овој пејач нов естраден лик кој е сосема мачо. – Со брадестата дама, постигнав се што сакав, од победата на Евровизија до одлични концерти. Не ми треба повеќе, сакам да ја убијам, да ја снема.

Ова е сега новиот изглед на Томас, старата Кончита нека си оди, викна Новирт неодамна пред новинарите! Инаку, како Кончита, Томас е се уште популарен, но многу тешко го прифаќаат вака со овој машки имиџ. Д.М.