-Видов како полеваат со бензин. Не знам зошто го правеле тоа и што тој им е виновен. Еден сосед ги праша што прават, а кога го слушнаа, избегаа, ги пренесуваат денес изјавите на очевидците српските медиуми во врска со палењето на куќата на популарниот пејач Мирослав Илиќ во неговото родно село Мрчајевци. Неговите соседи велат дека сторители не им се познати, а полицијата трага по нив. – За среќа избегната е трагедијата и голем пожар. Јас и моето семејство не бевме во селото ниту во куќата, туку сме тука во Белград. Можеби ова е некоја одмазда, но не знам што сум направил за да ми се одмаздат, вознемирено и изнервирано вели пејачот Илиќ.