Кој не плаќа алиментација нема да добие пасош во БиХ

125

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за патни исправи на БиХ,  предвидува лицата кои не платиле алиментација да не можат да добијат пасош на БиХ. Според овој закон кој е се уште во собраниска процедура, се предлага  и дека на такви лица може да им се одземе веќе издадениот пасош. процедура.

Со предложените измени и дополнувања на Законот значително се заострува третманот на лицата кои ги избегнуваат обврските кон своите деца, бидејќи издавање пасоши нема да биде можно ако сите тие обврски не се исполнети, а во такви ситуации ќе биде задолжително и одземање на веќе издаден пасош.