Кој навечер ги труе жителите околу Железара ?

330

Не отрувте во Автокоманда!!!!! Труе,смрди,корнееее. Лудаци едни бре. Има ли некој гриза на совесттт.Секоја вечер е вака. Срамота. Бедни стеее. За пусти пари проклетиии.

Ова се само дел од коментарите на социјалните мрежи што ги постираат жители на Автокоманда, Мичурин и населбата Железара жалејќи се дека од кругот на дворот на поранешната фабрика Железара, каде работат повеќе помали погони се дига чад кој ги загушува луѓето.

Велат дека оцаџите на овие погони испуштаат чад по 20 часот, откако ќе се стемни.

– Само искочете и погледнете, цело небо е покриено од чадот што очигледно искача од Железара. Се гледаат двата оџаци на сликите – коментираат граѓани постирајќи фотографии на фејсбук.

Тие го прозиваат градоначалникот на општина Гази Баба нешто да преземе, бидејќи велат дека ќе излезат на улица и ќе протестираат по примерот на гостиварци кои го блокираа влезот во депонијата Русино.

Советникот од општина Гази Баба, Дејан Димитровски кој е од редот на зелената партија ДОМ појаснува дека општината нема ингеренции да интервенира кај фирми кои работат со интегрирана А дозвола.

– Ова што се случува со Железара периодов, општината нема никакви ингеренции. Во кругот на фабриката најголем дел на фирмите работат со А интегрирани дозволи и за тоа е задолжен само Државниот инспекторат за животна средина. Ниту имаат број за пријавување, ниту имаат дежурни служби, ниту пак, имаме можност како грагјани да влеземе во кругот и да се увериме кој си игра со здравјето на граѓаните. Ќе побарам од опстината да се обрати до дрзавниот инспекторат со баранје за вондредни контроли, иако и во тоа не сум сигурен колку би биле „вонредни“ и во ноќни часови познавајки ја работата на тој инспекторат. Тој инспекторат одамна требаше да се ослободи од партиски раководства и да си ја врши работи работата како што треба – нагласува Димитровски.

(С.Бл.)