Денеска во 11 часот започна Парадата на гордоста „Скопје прајд 2019“. Кај нас за прв пат се одржува ваков настан и затоа побуди голем интерес. Тргнувањето на поворката беше од паркот на Жената борец спроти Собранието, а дефилето заврши во Градскиот парк каде настапи Тамара со нејзината евровизиска песна „Горда“.

фото: Ѕ. Плавевски