Кој е Сафет Кадрии, еден од судиите кој одлучи Јанева да оди во куќен притвор

191

Сафет Кадрии е судија во Апелација од 2009 година  еден од тројцата судии кој пред два дена донесе одлука поранешната специјална обвинителка Катица Јанева да излезе од затвор и да оди во домашен притвор, а за кои шефицата на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска најави финансиска истрага е судија во Апелација од 2009 година.

Според неговата официјална биографија, објави порталот Емагазин, во периодот од 1990 до 1992 година работел како секретар на Земјоделска задруга „Братство“ во с.Желино, Тетово.

Во периодот од 1993 до 1996 година бил директор на ДОО „Агростримница”, Тетово.
Од 1996 до 2000 година работел како помошник директор во Службата за општи и
заеднички работи на Владата на Република Македонија.

Од 1999 година бил заменик член во Државната изборна комисија .
Од 2001 до 2003 година бил државен секретар во Министерството за правда на
Република Македонија. Од 2003 година работел како државен советник во Уставниот суд на Република Македонија, а во текот на 2005 и 2006 година бил портпарол на Судот.

Во 2009 година е избран за судија во Апелациониот суд со одлука и постапува по
предмети во кривичниот отсек, член е на Кривичниот совет во Судот и е определен да
го заменува Претседателот на Судот во негово отсуство.
Тој е и одговорно лице за односи со јавноста за прашања во врска со предмети од
кривична област.