Кој вели дека мора да живееме на земја? Луѓето во иднина ќе живеат во куќи за птици!

200

NestinBox е иднината на живеењето. Или барем така тврдат од истоимената Шведска иницијатива, која системот за градење куќи за птици го пресликала кај луѓето.

За да ја намалат пренатрупаноста на градовите и проблемот со недостиг на градежно земјиште во урбаните средини, архитектите Елизабета Габриели и Понтус Охман во соработка со градежната компанија Moderna Trahus конципирале нов тип на станбен простор – таков што виси на карпа.

„Кој вели дека мора да живееме на земја? Да научиме нешто од животните“, велат во NestinBox.

NestinBox наликува на дрвена куќарка за птици, се протега на педесетина квадрати и опфаќа дури три ката со 2,5 соби, како и целосно функционална кујна.

И да, наместо на земја, би се градела на карпа, на висина од околу 18 метри височина.

NestinBox засега е само идеја, а доколку се оствари, за нејзина реализација, односно изградба се потребни околу 8 до10 седмици.