Која е убавата “Јовка кумановка” од спотот на “Некст тајм“ ?

405

По промоцијата на новиот спот “Прошетала Јовка кумановка“ на браќата од “Некст тајм“ сите се запрашаа, кој е тој толку убав женски лик со кој се среќаваме додека го гледаме видео изданието и ја слушаме оваа убава стара македонска песна. Токму тоа е Викторија Пеовска. Згодна и атрактивна кумановка, спортистка која популарноста и сексапилноста ги спојува во едно. Таа стана и заштитно лице на еден кумановски бренд за душеци и перници, а еве ја сега и во видеоспотот кај Мартин и Филип. На Викторија Пеовска ова не ѝ е прва улога во некој спот.

Сигурно се сеќавате на песната „Дали има“ која ја пее Александар Тарабунов – Тара од 2016 година и жешките кадри во видеото на сексапилната Пеовска. Инаку, згодната кумановка е ракометарка на женската екипа на ЖРК “Куманово“ и воедно е и македонска ракометна репрезентативка.
Промоцијата на спотот се одржа во Куманово, па по тој повод момците од “Некст тајм“ му се заблагодаруваат и на кумановскиот градоначалник: “Бевме повикани од страна на градоначалникот на град Куманово Максим Димитриевски заедно да ја најавиме премиерата за песната “Јовка кумановка” која се одржа во НУЦК “Трајко Прокопиев” Куманово.
Воедно и му благодариме што токму во нас препозна квалитет и ни ја даде довербата, да преработиме уште една стара македонска изворна песна.“  Д.М.  /foto>>FB/