Која е пејачката на мегахитот „Црно и златно“, сега најомилената естрадна личност?Бидете Сека Алексиќ!

163

Во светот на Цеца и Карлеуша, бидете Сека Алексиќ!

Популарна фолк-пејачка родена е на 23 април 1981 година во Зворник, во Босна, како Светлана Алексиќ. По разводот на нејзините родители, таа со мајка ѝ и брат ѝ се преселила во Бања Ковиљача во Србија. Живеела со нив, а очувот ѝ бил единствената поддршка кога почна да пее.

По завршувањето на основното училиште замина во средното земјоделско училиште, но поради слабите резултати го напуштила во 1996 година и целосно ѝ се посветила на пеењето. Најпрво започнала да настапува со бендот „Строго поверљиво“, живеела во Бјелина, а во 2000 година, на 19 години заминала во Швајцарија каде што настапувала по клубови. Во 2003 година, Сека се здоби со огромна популарност благодарение на хитот и спотот „Црно и златно“ во режија на Дејан Милиќевиќ.

Но, зошто е повторно толку многу озборувана?

На првиот ден од протестот „Србија против насилството“ во Белград, таа предизвика хаос: „Благодарение до временската прогноза, која најави страшно невреме за денеска советувам  да не излегуваме од дома“, напиша иронично таа и сподели бројни фотографии од протестот на кои се гледа огромна маса луѓе.

Денес живее во среќен брак со бившиот телохранител Вељко Пиљикиќ, со кој има два сина.    

Пејачката продолжи да повикува на тие демонстрации и да ја критикува владата со твитови.

„Во светoт на Цеца и Карлеуша, бидете Сека Алексиќ“, напиша Марко Дражиќ, колумнист кој ѝ се придружи во протестите. Во моментов Сека е веројатно најомилената естрадна личност во Србија, но и на просторите на поранешната Југославија.     Д.М. фото:ФБ