КОЈА Е ПЕЈАЧКАТА ИЛИРИАНА ХОЏА:Дали е Ана Окса, ѕвездата на фестивалите во Сан Ремо?

232

Албанките, дефинитивно, го освојуваат музичкиот простор, како во Европа така и во светот. Веќе се знае за успесите на мегапопуларните Дуа Липа, Бебе Реџа и Рита Ора, а еве сега иако од порано присутна, на овие им се придружи и Илириана Хоџа. Ќе се запрепастите со тоа дека под името на Хоџа се “крие“ всушност италијанската пејачка Ана Окса. Ова уметничко име таа си го земала и со него станала популарна веднаш по успесите кои ги имала на светски познатиот музички фестивал во Сан Ремо. Особено кога европската популарност ја стекнала со хитот “Сè за еден миг“ кој е снимен на уште десетина јазици, меѓу кои и на хрватски во интерпретација на познатата пејачка од Дубровник, Тереза Кесовија. Хоџа денес има скоро 60 години, сè уште изгледа фантастично, а на 15 години го имала својот прв јавен настап. Поради својот моќен вокал и емоциите што ги внесува во својата интерпретација, ја викаат “глас и срце“. Својата популарност ја зголеми во 1988 година како водителка на најпопуларното телевизиско шоу “Фантастико“. Таа во 1999 година ја претставуваше Италија на “Песна на Евровизија“ и го освои одличното деветто место. Ана Окса за јавноста особено беше интересна и поради нејзиниот приватен живот. Зад себе има четири брака од кои најголемо внимание привлече нејзиниот трет брак со контроверзниот милијардер од Косово, Беџет Пацоли. Последниот брак и беше со 22 години помладиот телохранител Марко Сансонети од кого се разведе во 2009 година.