Која е жената донор која ја сплоти цела Македонија?

797

Емилија Динева по потекло од Јосифово, а која со сопругот и фамилијата живееше во Дојран, е жената чие срце и бубрези се донирани на тројца пациенти, пишува Фокус.

Веста за случајот предизвика бура од емоции кај целата нација. Блиски пријатели и роднини на Емилија, која го изгубила животот во сообраќајна несреќа на социјалните мрежи се простуваат со неа, со трогателни пораки во кои се помешани тагата поради прерано изгубениот живот, но и гордоста што се испиша историја во нашето здравство, бидејќи ова е првпат во нашата земја да се изврши трансплантација на срце, односно трансплантација од починат донор. Во тек е и трансплантација на бубрезите, кои ќе ги добијат двајца пациенти.

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов за ,,Фокус” вели дека е горд на неговата сограѓанка Емилија и на нејзиното семејство. Тие му биле соседи, вели дека познавајќи го семејството цел живот, веста длабоко го трогнала.

Повеќе прочитајте на Фокус.