Големо внимание кај светската јавност привлече потегот на најмоќниот човек во Катар, шеикот Хамад бин Калифа Ал Тани, кој и покрај присуството на една од неговите сопруги, на трибините мавташе по Бразилка.

Видеото на кое сопругата на поранешниот емир на Катар со поглед го „убива“ својот сакан поради тој потег го обиколи светот, а сите се прашуваа која е жената на која шеикот и обрна внимание.

Станува збор за Дезире Соарес, жена која на Инстаграм ја следат над 60.000 луѓе, а е многу позната во светот на фудбалот. Таа е во брак со Галвао Буена, познат спортски новинар во Бразил, со кој го има синот Лука.

Двајцата ја прославија годишнината од бракот веднаш по натпреварот меѓу Швајцарија и Бразил во Катар.