Коѕијас: Една година, мој пријателе

118

Поранешниот шеф на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, на неговиот официјален Твитер профил ја одбележа годишнината од потпишувањето на Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

„Една година, мој пријателе, Никола Димитров“, напиша Коѕијас на фотографија на која е заедно со министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

„Направивме историја, размислувајќи за иднината, мој пријателе!“, одговори Димитров под фотографијата и ја сподели на неговиот Твитер профил.