Кошарката завиена во црно: Српски репрзентативец падна во кома по тешка сообраќајна несреќа

165

Српскиот кошаркарски репрезентативец и новото засилување на Црвена звезда, Огњен Кузмиќ доживеа тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Бања Лука – Приједор. Полицијата од Бања Лука ја потврди веста, а кошаркарот е пренесен во болницата во овој град со тешки повреди.

Оваа информација на својата интернет страница ја потврди и тимот на Црвена звезда, а од полициските фотографии може да се види дека возилото во кое бил Кузмиќ е целосно уништено. Џип Порше со две лица, меѓу кои и Кузмиќ, удрил во БМЊ во 5:00 часот наутро. Автомобилот на Кузмиќ целосно летнал од патот.

Кошаркарот моментално е во кома и ги има скршено две вилици. Има тешки повреди на градниот кош и на главата По сообраќајката итно беше пренесен во Клиничкиот центар Република Српска, но според најновите информации тој е на пат кон Белград.

-Кузмиќ во директен судир ги скрши двете вилици и моментално се наоѓа во кома. Според зборовите на докторот Владе Џајиќ, нема хематом на мозокот, но повредите се доста сериозни и бараат кошаркарот да биде транспортиран во Белград, се вели во текстот на „Газета.ба“.

Овој кошаркар летово од Реал Мадрид се врати во Црвена Звезда како дел од неколкуте големи засилувања за враќање во Евролигата.