Кошаркарот на МЗТ Скопје, Никола Христовски (17), кој играше за кадетите и јуниорите на тимот од Аеродром синоќа смртно настрада во тепачка во скопската населба Аеродром, откако бил избоден со нож од една година постар тинејџер, пишува македонскиот сајт „Спорт 1“.

Тепачката се случила синоќа по полноќ на улицата „Февруарски поход“ во Ново Лисиче, откако една вербална расправија се претворила во трагедија во која 18-годишник го избодел кошаркарот на МЗТ Скопје. Настраданото момче со брза помош веднаш било префрлено во клиничкиот центар „Мајка Тереза“, за да му биде укажана лекарска помош, но таму им подлегнал на повредите.

Напаѓачот бил експресно пронајден и приведен, а од полицијата објавија дека сега работат на расчистување на случајот.