Германскиот кошаркар, Пол Зипсер (27), е опериран откако доживеа мозочен удар. Операцијата на играчот на Баерн беше спроведена во тајност минатата среда.

  • Пол се опоравува и тоа е сè што можеме да кажеме за неговата состојба. Исто така, ја замолуваме јавноста да ја почитува приватноста на кошаркарот и неговото семејство, изјави портпаролот на Баерн, Андреас Буркерт.

Зипсер бил примен во болница откако се пожалил на вртоглавица и проблеми со координацијата на движењето. По прегледот било откриено е дека имал мало крварење во мозокот, по што бил итно опериран.