Кошаркар на италијанскиот клуб Фортитудо Месина, Хаитем Шабур Фаталах (32), колабираше на теренот и набргу потоа почина. Веста ја пренесоа сите италијански медиуми со образложение дека тој колабирал за време на натпреварот, изгубил свест и натпреварот бил итно прекинат.

Брзата помош веднаш го однела во болница, каде што починал кратко време по приемот.

Трагично починатиот кошаркар одигра повеќе на 250 натпревари во Италија. Роден е во Агриџенто, во југозападна Италија, во ноември 1989 година, а во Месина пристигнал сезоната 2016/17. Играше на позицијата плејмејкер.