Кошаркарски викенд во Радишани

71

Изминатиов викенд Општина Бутел и населба Радишани беа во центарот на баскет 3х3 турнирите!

Како што информираат од Општина Бутел, двата дена биле исполнети со многу забава, дружење но пред се со врвна кошарка со најдобрите екипи од цела Македонија!

-Новото кошаркарско игралиште со специјална FIBA подлога во ООУ Ацо Шопов беше домаќин на овој турнир! Финалето заврши со лавовска битка во еден крајно неизвесен меч помеѓу екипите на Каса Бар и Кино Влае – вели Дарко Костовски, градоначалник на Општина Бутел.

На натпреварите учествувале екипите: Кино Влае, Каса Бар и Брадрхуд.

-Општина Бутел секогаш ќе биде главен поддржувач и генерален покровител на вакви настани. Нешто ново и еден сосема поинаков викенд во нашата општина!- нагласи Костовски, додавајќи дека ќе продолжат со нови настани и содржини за поубав и помодерен спортски, културен и социјален живот на младите од оваа општина.