Една од најдобрите американски кошаркари, ѕвездата на ВНБА-лигата, Маја Мур, ја пропушти целата сезона за да му помогне на невин човек кој беше осуден на 50 години затвор. На крајот и успеа во намерата. Џонатан Ајронс повторно е слободен човек после 24 години.

  • Чувствувам дека можам конечно да живеам нов живот. Слободен сум, благословен сум. Само сакам да живеам живот достоен за Божја помош. Им благодарам на сите што ме поддржаа, особено Маја и нејзиното семејство, истакна Ајронс веднаш по неговото ослободување.

Џонатан имал само 16 години кога бил обвинет за кражба и убиство на Стенли Сотлер во Џеферсон Сити. Несреќниот млад човек бил во близина на местото на злосторството, а полицијата веднаш го уапсила. Доказите биле скриени за време на судењето, а се покажа дека отпечатоците од прстите што биле пронајдени во куќата на жртвата воопшто не се совпањале со Ајронс. Џонатан инсистирал дека тој е погрешно идентификуван, но неговите тврдења биле залудни.

Иако истрагата била направена прилично „невешто“, иако немало докази дека Ајронс го стори делото, несреќниот Афроамериканец бил осуден од 18 на 50 години затвор.

Помина повеќе од две децении во затвор, а тогаш познатата кошаркарка решила да ги преземе работите во свои раце. Во јануари, таа ја шокираше јавноста во САД кога објави дека ќе ја промаши целата сезона, затоа што сака да се фокусира на ослободување на Ајронс. Таа направи огромен напор и е најзаслужна за фактот што го расветли случајот и конечно вистината излегла на виделина.

  • Чувството е надреално. Конечно – правда! Мислев: Дали навистина се случи ова?, изјави плачејќи која ја слушна пресудата од страна на судијата.

Имено, судијата во Мисури, Даниел Грин, во постапката го разгледуваше пронаоѓањето на отпечатоците од прсти, како и на другите „нечистотии“ и донесе ослободителна пресуда. Како момче Џонатан неправедно заминал зад решетки, а од затвор излезе како 40 годишен човек. Секако, тој слободата ја прослави со својот „ангел чувар“ – Маја.