Ол-стар кошаркарката Кортни Вилијамс доби отказ од Атланта Дрим бидејќи беше „главна актерка“ во големиот скандал кој ја стресе женската кошарка во САД.

Вилијамс се најде во центарот на вниманието откако се појави снимка од тепачката која се случила во мај годинава. На двеминутното видео може да се забележи како три кошаркарки на Атланта Дрим се тепаа пред сендвичарница за брза храна.

Американските медиуми пишуваат дека тепачката настанала бидејќи некој погрдно ги навредувал кошаркарките, па на сцена стапила Кристал Брадфорд која прво се обидела да ги смири страстите, а потоа поделила по некоја шлаканица.

Вилијамс се обиде да ја објасни својата страна на приказната во видеото што подоцна го избриша, но дури потоа настана вистински скандал, бидејќи е откриено дека клубот Атланта решил да ѝ врачи отказ.

  • Однесувањето на снимката е неприфатливо и не ги одразува вредностите на оваа организација, открија од ВНБА-тимот информирајќи дека тоа нема да се случи повторно.

Исто така добија отказ и останатите кошаркарки кои биле вклучени во тепачката.