EPA-EFE/MARK EVANS

Исклучително грди сцени беа забележани во микс зоната по мечот Србија – Мали. Кошаркарките на нашиот северен сосед славеа против Мали со 81:68 (25:25, 18:14, 19:11, 19:18), во натпреварот од четвртото коло од групата Б на Светското првенство.

Поразот очигледно им дојде тежок на репрезентативките на Мали, па решија да се пресметаат меѓу себе по мечот – и тоа пред камерите.

Имено, додека една српска репрезентативка даваше изјава во микс зоната по победата, зад нејзиниот грб се одвиваше вистинска драма. Две репрезентативки на Мали жестоко се степаа на општо чудење на сите присутни. Тие си поделија по некоја тупаница, шлаканица додека соиграчките се обидоа да ги разделат.