Најубавата кошаркарска вест ни доаѓа од Унгарија, каде што младата и успешна Ливија Геребен (20) се враќа на терен по тешката борба со леукемија.

На почетокот на 2019 година, Унгарија беше во целосен шок. На младата репрезентативка и кошаркарка на Сексард и била дијагностицирана леукемија.

Убавата Геребен една година се бореше со оваа подмолна болест, при што и беа извршени неколкуте интензивни третмани, вклучувајќи и трансплантација на коскена срж. Беше силна, упорна и на крајот успеа да го победи најважниот натпревар во својот живот.

Пред неколку дена, на задоволство на сите, таа се појави на собирот на репрезентацијата на Унгарија и ги направи првите тренинзи по нејзиното закрепнување. Се разбира, таа сè уште мора да се придржува кон строгите мерки што ги пропишале лекарите, но може повторно да се дружи со кошаркарската топка.

  • Се чувствувам како да се вратив дома. Бев многу возбудена што речиси не спиев. Бев многу среќна што ги видов своите соиграчки повторно затоа што не сум ги видела речиси цела година, ниту една од нив, изјави возбудено Ливија, а пренесе Светската кошаркарска федерација (ФИБА).

Нејзиниот тим Сексард постојано бил со кошаркарката, а неодамна потпиша и нов договор за овој клуб. Патем, Ливија играше со голем успех за сите помлади селекции на репрезентацијата на Унгарија, а беше дел и од селекцијата 3×3 на својата земја.

Инаку, со истата болест се соочи и поранешниот српски репрезентативец и селектор, а моментно тренер на Болоња, Синиша Михајловиќ, кој пред точно една година на пошироката јавност и откри дека боледува од леукемија, а во овие моменти е пред целосно излекување.