Голем скандал се случи во редовите на Лос Анџелес Лејкерс за време на натпреварот против Феникс Санс.

„Езерџиите“ лошо влегоа во новата сезона во НБА лигата бидејќи го забележаа и вториот пораз, овој пат од „сонцата“ пред своја публика со 115:105, а атмосферата во тимот изгледа доста лоша.

За време на една од паузите речиси дојде до тепачка помеѓу двете големи ѕвезди – Ентони Дејвис и Двајт Хауард. Кога отидоа на клупата, Дејвис започна се, следуваше подбутнување, се фатија за раце, но уште поголем инцидент спречија соиграчите.

Сè што се случи беше доста разочарувачки за Меџик Џонсон, еден од најголемите во историјата на познатата калифорниска франшиза.

  • Во моите 42 години како приврзан за Лејкерс, не сум видел нешто слично, напиша Џонсон на Твитер.

Дејвис за 38 минути на паркетот постигна 22 поени и додаде 14 скока, додека Хауард не постигна ниту еден кош за речиси девет минути игра, но имаше три скока.