Кошаркарската федерација на Македонија ја исплати премијата во висина од 750.000 денари на машката сениорска репрезентација за пласманот во квалификациите за ЕП 2021 година

-Во оваа прилика, КФСМ сака да ја информира јавноста дека, средствата утврдени за премии, ветени од страна на претходното раководство на федерацијата, се реализирани од страна на новиот раководен тим на КФСМ.

Финансиските надоместоци веќе се префрлени на сметките на кошаркарите кои на Македонија и донесоа учество во квалификацискиот циклус на едно големо натпреварување, преку кое очекуваме враќање на македонската репрезентативна кошарка каде што и е местото.

Во исто време се надеваме дека ова ќе биде само еден дополнителен стимул на членовите на нашиот национален тим, пред почетокот на квалификациите за Евробаскетот 2021 година, се вели во соопштението  објавено на интернет страницата на федерацијата.