„Кочи Мицко“ вели и Заев – на крајот СДСМ ќе има повеќе градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ

601

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на прес конференцијата доцна по полноќ кажа дека поддршката во првиот круг е сериозна и дека ќе имаат повеќе градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ. Народот сака резултати, посочи Заев, и рече дека коалицијата ќе се обедини за да има мнозинства во советите низ државата.

„Таму каде што води ВМРО-ДПМНЕ, видете ја структурата на гласови, дека кандидатите на нашите коалициони партнери одземаат многу гласови.

Поддршката која ја добивме во првиот круг е сериозна. Тоа е обврска, и ќе ја исполниме, и нема да дозволиме некој земјата да ја враќа назад. Се на се коалциијата СДСМ влегуваат во втор круг во 36 општини плус Град Скопје. Влегуваме во борба за конечна победа. Главата горе, на крајот СДСМ ќе имаат повеќе градоначалници во споредба со ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев уште еднаш порача „кочи Мицко“, исто како што порача Љупчо Николовски.