„Коха“: „Можеме“ и ДУИ постигнале договор за нова влада и ротирачки премиер

100

Весникот на албански јазик „Коха“, пишува дека е постигнат договор за формирање влада меѓу ДУИ и колаицијата СДСМ-Беса.

Весникот пишува дека рамките за соработка со владата за следните четири години веќе се поставени. Наводно, во идната влада на СДСМ и ДУИ ќе коалицира и ДПА, од каде што единствено лидерот Мендух Тачи обезбеди пратеничко место. Со ова, парламентарното мнозинство би имало 62 пратеници.

Како што се пренесува, официјални лица од двете политички партии (СДСМ и ДУИ н.з.) потврдиле за „Коха“ дека потврдувањето на коалицијата ќе се случи по 4 август, кога се очекува Зоран Заев, Али Ахмети и Билал Касами да ја официјализираат следната влада на јавна средба.