Котур кафе и филм: Проекција на кратки филмови на Игор Иванов – Изи

216

Избор на кратките филмови од еден од најплодните македонски современи режисери Игор Иванов – Изи, утревечер (15 февруари), со почеток од 20 часот, ќе биде прикажан во Котур кафе и филм во Скопје.

Притоа, публиката ќе може да ги проследи проекциите на следните филмови: “Ќебето на Ацо Шопов“ од 1996, “Часовникот“ од 1997, “Бубачки“ од 2003, “Верувам во љубовта“ од 2013 и “Љубовникот“ од 2018.

По проекцијата, публиката ќе има можност да му постави прашања на режисерот. Влезот е бесплатен.