Котлар: Енергетски ефикасни фасади за градинките и училиштата

32
Кандидатката за градоначалник на општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Наташа Котлар, најави енергетско ефикасни фасади за градинките и училиштата, замена на столаријата и санитаријата.
– Проектот ќе опфаќа замена на постојните фасади со нови енергетско-ефикасни, инсталирање опрема за надворешна апсорпција на штетни гасови и соединенија во воздухот, замена на дотраената столарија, реконструкција на санитарните јазли и подови, објави Котлар.