Кошаркарскиот клуб Гостивар денеска соопшти дека ја продолжува соработка со македонскиот репрезентативец Александар Костоски.

Плејмејкерот ќе остане во Гостивар уште една година, а во минатата имаше просечни 13.3 поени, 5.8 асистенции и 3.5 скокови по натпревар и голема заслуга за пласман во плејофот во домашниот шампионат.

Гостивар претходно ги обнови договорите со ветеранот Диме Тасовски, близнаците Роберт и Ренато Димитриевски и Милан Димитриески, а го ангажира и Американецот Донован Доналдсон.

Тренер на тимот останува Марјан Србиновски.