Коста наследник на Габигол

62

Бразилскиот гигант Фламенго, кој пред неколку дена го освои трофејот во Копа Либертадорес, најверојатно ќе биде следната дестинација на контроверзниот напаѓач од редовите на Атлетико (М), Диего Коста.

Бразилецот кој има шпански пасош и кој игра за „црвената фурија“, не крие дека сака да се врати во татковината и таму да ја заврши богатата фудбалска кариера. Според раководните лица на Фламенго, Коста ќе биде идеална замена за Габриел Барбоса – Габигол, кој за неколку дена ќе се врати во редовите на италијанскиот калчо гигант Интер.