Македонскиот ракометен клуб Металург, се договори со македонскиот пивот Костадин Петров и го комплетираше триото линиски играчи.

Побогат за едногодишно искуство од играње во шпанската Гвадалахара и едногодишно во романската Сучеава, Костадин Петров се враќа во Металург и ќе го комплетира триото линиски играчи во кое е уште и Милан Лазаревски и Андреј Митиќ.

Костадин Петров во Металург дојде како 23 годишен ракометар, играше три сезони, од 2015 до 2018 година, пред да замине на една сезона во Пелистер од каде што отиде во Шпанија.

Фото: РК. Металург