Костадинов ги презентираше проектите од областа на културата во Струмица

53

Кандидатот за градоначалник на Струмица од СДСМ, Костадин Костадинов, денеска на прес-конференција ги презентираше постигнувањата во културата и најави нови проекти од оваа област.

Според него, со многу посветена работа и во време на протоколи и правила за организација на настани, покажале дека знаат, можат и умеат да се носат со предизвикот и довербата, Струмица да биде прогласен за „Град на културата 2021“.

-Затоа, Струмица како град на културата нема да е само оваа година. Ќе продолжиме да го негуваме културниот дух на градот преку формирање годишни програми достапни за сите наши жители со што, дополнително, ќе се промовираме како одлична туристичка дестинација, рече Костадинов.

Тој најави завршување на тековните проекти и почнување нови.

-Се работи на изградба на нова градска галерија, се модернизира летниот амфитеатар, следува уредување на Паркот на културата, а во просторот над струмичката галерија е планирана летна сцена. Создаваме и нов, Младински културен центар, истакна кандидатот за градоначалник од СДСМ.

Додаде дека ќе се подготвуваат нови и свежи содржини кои ќе се по крој на публиката за да докажат дека општината живее во духот на културата 365 денови.