Косовските стопанственици го поддржуваат вашингтонскиот договор со Србија

43

Претседателот на Стопанската комора на Косово, Берат Рукиќи изјави дека, од аспект на инвестиции, договорот што вчера во Вашингтон го потпишаа претставниците на Косово и Србија, може да им донесе корист на домашните стопанственицијави дописникот на МИА од Приштина.

Рукиќи на денешната прес-конференција најави дека наскоро, заедно со група косовски бизнисмени, ќе замине во Соединетите Американски Држави, за со тамошните институции да ги анализираат придобивките од договорот.

– Што се однесува до точките од договорот, значајно е дека има посветеност од американските институции за инвестиции, што верувам дека го прават Косово значајно во меѓународниот превоз. Во тој аспект го поддржуваме, изјави Рукиќи.

Косовскиот премиер Авдулах Хоти и српскиот претседател Александар Вучиќ, во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп, вчера во Белата куќа во Вашингтон потпишаа договор за економска стабилизација, со кој се регулира соработката меѓу двете земји во повеќе економски области.

Извор:МИА