Косово: Вјоса Османи од ДСК во игра за високи функции

111

Лидерот за движењето Самоопределување, Албин Курти, на средбите во Приштина со лидерите на Демократскиот сојуз на Косово, Иса Мустафа и Вјоса Османи, неформално ги отвори разговори за формирање коалиција и нова косовска влада, откако двете партии освоија најмногу гласови на парламентарните избори на 6-ти октомври .

Во интервју за „ТВ Клан“ од Тирана, Албин Курти рече дека позицијата на премиер не може да биде тема на дискусија, бидејќи народот на Косово го решил тоа на 6-ти октомври.

„Кој ќе победи со најмногу гласови, ќе го освои премиерското место. Победничката партија добива мандат од претседателот да формира нова влада. „Самоопределување“ ќе ја предводи новата влада, во спротивно ќе мораме повторно да одиме на избори“, рече Курти.

На прашањето кое место може да го добие кандидатот за премиер на ДСК, Вјоса Османи, Курти изјави дека сега останува да се види што е планот „Б“.

„Не знам каков е планот Б. Имав одлична соработка со г-ѓа Османи, како колеги во парламентот. Верувам дека добро ќе управуваме заедно. Верувам дека таа би направила одлична работа како министер за надворешни работи или како претседател на Собранието“, откри Курти.

Во врска со дијалогот со Белград, Курти потврди дека е за поддршка на принципиелен дијалог и смета дека дијалогот треба да биде добро подготвен, за да не пропадне и српските давачки на стоки да го замени со принципот на реципроцитет. „Ќе делуваме симетрично од сите аспекти во однос на Србија“, истакна Курти, истакнувајќи дека Соединетите Американски држави презедоа водечка улога во процесот на дијалог.

„Ќе создадам преговарачки тим заедно со опозицијата и нема да дозволам Србија да нè раздели. Јас ќе го водам дијалогот … Претседателот ќе биде претседателот. Тој е претставник за надворешна политика, но тој не ја создава надворешната политика”, заклучи Курти.