Косовката Истрефи во дуетска песна со Русинот Алгие

260

Делува на прв поглед шокантно, но вистинито. Познатата пејачка од Косово Ера Истрефи направи дуетска песна со рускиот рапер Алгие и предизвика бурни реакции. Особено кај своите фанови на Косово кои не ги љубат Русите. Но, Ера им вели дека за добрата музика не постојат ниту нации, ниту граници, па така е и во овој случај. Ги смири разлутените и објави една провокативна слика на која покажа колку е всушност згодна. А, згодна е и тоа многу. Сепак, засега не е предвиден видеоспот во кој двајцата пејачи ќе се појават со своите фаци. Да потсетиме дека убавата Ера Истрефи заедно со актерот Вил Смит и колегата Ники Џам ја пееја “химната“ на Фифа за Светското фудбалско првенство во Русија минатата година.