„Коски на срцето“ е „книга на годината“ според македонските читатели

1466

Како што се посочува на истоимената веб-станицата, „Книга на годината“ е избор на најбараните, најпродаваните, најсподелуваните, најпрепорачуваните… книги во земјата во текот на изминатата година според читателите.  Во рамки на гласањето кое траело 10 дена читателите со над 40.000 гласови во девет категории ги избрале своите омилени книги за 2021 година

„Коски на срцето“ од американската писателка Колин Хувер е „книга на годината“ кај македонските читатели според веб-станицата www.kniganagodinata.mk. Книгата на Хувер, која со години е на топ листите на најпродавани во земјата и една од најбараните во библиотеките, освола најмногу или 1597 гласови од читателите. Хувер е авторка на единаесет романи и пет новели. Главно пишува книги кои спаѓаат во категорија книги за млади, а нејзина прва книга е „Само пријатели“.

Во рамките на гласањето кое траело 10 дена читателите со над 40.000 гласови во девет категории ги избрале своите омилени книги за 2021 година.

Како што се посочува на истоимената веб-станицата, „Книга на годината“ е избор на најпопуларните, најбараните, најпродаваните, најсподелуваните… книги во земјата во текот на изминатата година. Идејата, пак, велат потекнала од поговорката „на светот има премногу книги, а премалку слободно време“. „Како да знаеме што е навистина добро, што навистина вреди? Како да ги сумираме сите оние рецензии, мислења, препораки и рејтинзи кои македонските читатели на големо ги споделуваат по социјалните медиуми, блоговите, сајтовите, дигиталните книжарници…? Вака се роди потребата од изборот на ‘Книга на годината’. Избор кој на едно место ќе ги собере сите најдобри (домашни и странски) книги издадени во Македонија во текот на изминатата година. Тоа е избор во кој главниот глас го има најважната комисија на светот, а тоа се читателите. Токму затоа и ги нарековме ‘Reader’s Choice Book Awards’ или ‘Избор на читателите’ за тоа кои се книги на годината во нашата Македонија“, се истакнува на веб-станицата.

Инаку, изборот се базира на 9 жанровски категории, по 15-20 номинации во секоја категорија од сите издавачи во земјата во текот на периодот на номинации кој му претходи на изборот, а потоа следи онлајн гласање на читателите. Стручната комисија ги сумира резултатите и ги објавува победниците во следните категории: трилер, романса, историска драма, женска фикција, книга од домашен автор, детска книга, non-fiction, YA книга (Young adult) и победник во категоријата поезија.

Инаку, “Коски на срцето“ е книга од категорија Young adult. „Животот и безвредното презиме се единствените две работи што родителите некогаш ѝ ги дале на Бeја Грим. Откако потполно сама си го пробива патот во животот, Беја е насочена кон поголеми и подобри нешта, сето тоа благодарение на себеси. Кога само два кратки месеци ја делат од иднината за која сонува цел живот и од минатото кое очајно сака да го остави зад себе, неочекувана смрт ја става во ситуација да остане без кров над главата. Принудена да побара помош од последниот човек на светот од кого би сакала да бара што било, таа мора да го помине остатокот од летото на полуостров во Тексас со татко си кој едвај го познава. Беја планира да остане тивка и незабележлива, па летото да помине безболно и брзо, но нејзиниот нов сосед, Самсон, го разнишува нејзиниот совршен план…“

Наградените книги по категории се:

„Трилери и мистерии“

  1. „Убиецот со распетието“ – Крис Картер
  2. „На пат кон дома“ – Себастијан Фицек
  3. „Човек од костени“ – Сорен Свејструп

„Романси“

  1. „Шефот од соништата“ – Вај Киленд
  2. „Куба од моите соништа“ – Шанел Клитон
  3. „Седумте мажи на Евелин Хуго“ – Тејлор Џенкинс Рејд

„Историски романи“

  1. „Искра надеж“ – Џулијан Меклејн
  2. „Птиците умираат пеејќи“ – Колин Мекалоу
  3. „Четирите ветришта“ – Кристин Хана

„Женска фикција“

  1. „Те молам внимавај на мама“ – Кјонг-Сук Шин
  2. „Прекрасната самотија“ – Кристин Хана
  3. „Загубената сестра“ – Лусинда Рајли

„Домашни автори“

  1. „Во војната и љубовта“ – Верица Митева
  2. „Храмот на натписите“ – Петар Стојановски
  3. „Куклата на Ана“ – Наде Стојилковиќ

„Young adult“

  1. „Коски на срцето“ – Колин Хувер
  2. „Дамски гамбит“ – Волтер Тевис
  3. „Хари Потер и пламениот пехар“ – Џ.К.Роулинг

„Нефикција“

  1. „Закопајте ми го срцето кај ранетото колено“ – Ди Браун
  2. „Подарокот“ – Едит Егер
  3. „За што зборувам кога зборувам за трчањето“ – Харуки Мураками

„Детски книги и сликовници“

  1. „Мистериозниот град под калето“ – Александра Тодоровиќ
  2. „До небото и назад“ (едиција Светулка)
  3. „Кој се плаши од Црвенкапа“ – Сара Шахинканат

„Поезија“

  1. „Песни“ – Есенин
  2. „Девет преобразби во чудната шума“ – Пандалф Вулкански
  3. „Невино време“ – Иван Иванов