Корпа од Неимар

175

Најскапиот фудбалер на денешницата, Неимар, експресно ја одбил понудата за продолжување на соработката со актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ.

Бразилскиот интернационалец сакаше за време на летниот преоден рок да се врати во редовите на каталонскиот гигант Барселона, но двата клуба не постигнаа договор околу побараното обесштетување од 300 мил. евра.

Неимар има договор со „светците“ до 2022 година, а раководните лица на ПСЖ сакале соработката да биде продолжена до 2025 година, но добиле негативен одговор.