Потпретседателот на новајлијата во италијанската Серија А, тимот на Монца, Адријано Галијани, откри дека за време на летниот преоден рок се обидел да ги осигура услугите на аргентинските интернационалеци, Пауло Дибала и Мауро Икради. Галијани потврди дека новиот фудбалер на Рома не бил заинтересиран за преселба во редовите на Монца, додека Икарди бил желба на сопствениот на „црвените“, Силвио Берлускони, но Аргентиецот ја прифатил понудата на Галатасарај.