Корпа за Фабијан Руиз

65

Италијанските медиуми открија дека за време на летниот преоден рок, раководните лица на шпанскиот гигант Атлетико (М) се обиделе да ги осигураат услугите на офанзивниот играч за врска од редовите на римскиот калчолигаш Лацио, Фабијан Руиз. Истите медиуми открија дека популарните „јорганџии“ понудиле околу 60 мил. евра за услугите на шпанскиот интернационалец, но челниците на „светлосините“ експресно ја одбиле понудата со образложение дека Руиз не е за продажба.