Корона-кризата ги крена цените на храната

53

Цените на храната на светско ниво повторно забележаа раст на крајот на минатата година, при што особено поскапеа млечните производи и растителните масла, објави Организација за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Ценовниот притисок е присутен и во нашата земја, што се потврдува и со стапката на инфлација, која минатата година изнесуваше 1,2 отсто.

– Просечната годишна стапка на инфлација за целата 2020 година изнесува 1,2 отсто, што е во согласност со проектираната стапка. Во услови на ревизии кај надворешните влезни претпоставки во различни насоки, сѐ уште е нагласена неизвесноста од движењето на светските цени на примарните производи во следниот период и нивното влијание врз домашните цени, во согласност со неизвесните економски ефекти од вториот бран на пандемијата на ковид-19 и нејзиното времетраење, како и од појавата на мутираниот коронавирус – соопшти Народната банка по седницата на Комитетот за оперативна монетарна политика.