Корона вирусот мистерија за научниците: Зошто најмногу се разболуваат возрасни, особено мажи, а не и деца

409

Научниците од целиот свет настојуваат колку што е можно подобро да го истражат коронавирусот, а една од непознатиците која уште не можат да ја одгатнат е податокот дека децата е помалку изложени на оваа инфекција.

Епидемија на корона вирус беше прогласена на 31 декември, ама во тој момент немаше ниту едно дете помладо од 15 години меѓу заболените, се до 22 јануари, пренесе РТС.

Во студија објавена во медицинското списание, „Њу Ингланд“ се наведува се наведува дека „децата изгледа се помалку подложни на коронавирусот, а и кога ќе се заразат, имаат многу поблаги симптоми отколку возрасните“.

Во меѓувреме, докторите забележале неколку нови случаи на зараза со коронавирусот кај децата. Заболело деветмесечно девојче во Пекинг, дете од Германија, чиј татко заболел, и едно дете од Шенжен, во Кина, која било заразено од вирусот, ама немало никакви симптоми. Кинеските власти потврдија и дека кај бебе во Вухан, по 30 часа од раѓањето, е потврдено присуство на коронавирусот со оглед на тоа што инфекцијата е потврдена и кај мајката.

„Од сето она што го утврдивме досега и од причини кои не ни се јасни, се чини дека коронавирусот ги погодува пред се возрасните“, вели за „Бизнис инсајдер“ Ричард Мартинело, вонреден професор по инфектологија на Медицинскиот факултет при Јејл.