Короната не ги спречи граѓаните да си ги купат омилените парчиња облека по намалени цени

И покрај короната трговските центри и моловите за време на викендите се полни, претежно купувачите носат маски, но на растојанието едни од други не се внимава многу. Секој сака побрзо да проба, а бројот на гардероби поради задолжителната дистанца се редуцирани и се користи секоја втора гардероба. Трговците, пак, како и секоја година така и годинава со попусти почнаа малку порано од август. Вообичаено тие почнуваат со 20 отсто, а потоа се зголемуваат на 50 и на крај на сезоната тоа што не се продало од летната гардероба и обувки се продава со 70 отсто попуст

251

Започнаа сезонските попусти во градот. Излозите на продавниците и бутиците во градот се излепени со плакати „Попуст од 50 до 70 отсто“, „Сезонска летна распродажба“, „Тотална ликвидација“, „Големи летни попусти“… Корона-кризата и намалениот стандард си го направи своето па така граѓаните побрзаа да ги искористат попустите и да си купат тоа што им треба или некое брендирано парче облека кое не можеле да си го дозволат претходно по редовна цена. Граѓаните веќе знаат дека производите на почетокот на сезоната се преценети, а на попуст ја добијат реалната цена.
И покрај короната трговските центри и моловите за време на викендите се полни, претежно купувачите носат маски, но на дистанцата не се внимава многу. Секој сака побрзо да проба, а бројот на гардероби поради задолжителната дистанца се редуцирани и се користи секоја втора гардероба. Трговците, пак, како и секоја година така и годинава со попусти почнаа малку порано од август. Вообичаено тие почнуваат со 20 отсто, а потоа се зголемуваат на 50 и на крај на сезоната тоа што не се продало од летната гардероба и обувки се продава со 70 отсто попуст.
Сепак, поголем дел од граѓаните не веруваат во декларативните попусти се додека самите не се уверат оти цените на производите се навистина намалени. Тие ги научија маркетиншките трикови на трговците и речиси секогаш ги проверуваат претходните цени за да видат дали попустите навистина се 50 или 70 отсто.
-На некој парчиња облека стои дека се намалени, но ако под црвената етикета ја видите вистинската цена ќе видите дека и не се работи за некој попуст. Меѓутоа зависи во која продавница и што сакате да купите, може да се најдат и работи што навистина вредат за парите. Така јас си купив кошула на попуст за 600 денари, која претходно чинела 2.000 денари, што за мене е прифатлива цена. Вообичаено во брендираните продавници има поголем избор на гардероба на попуст, а бидејќи цените се повисоки има и поголеми броеви, вели Сања од Скопје.
Елена, исто така вели дека знае да процени што е на попусти и секогаш го чека август за да си ја поднови летната гардероба, но и да им купи на децата сè што им е потребно за новата учебна година.
-И покрај тоа што неизвесно е дали учебната година ќе почне, сепак мораме да ги подготвиме децата за на училиште. Им требаат нови фармерки, тренерки, по некоја маичка… Во некој продавници навистина цените се намалени и може да им купите неколку работи за 1.000 денари, вели Елена.
Една помлада скопјанка коментира дека е задоволна што и кај нас се следат светските трендови и попустите не се само на производи од летната туку и на некој парчиња од новата есенска колекција.
-Секако ги чекам попустите за да си ги купам моите омилени парчиња облека кој претходно не можев да си ги дозволам поради високата цена. Меѓутоа покрај летна гардероба, на попуст може да се купат и некој парчиња од новата колекција, вели таа.
Голем дел од граѓаните веќе знаат дека ако сакаат да заштедат на облека треба да купуваат на попуст. Па вообичаено летната гардероба ја купуваат во август, а зимска во февруари.

(А.С.)