Коронавирус во Црна Гора по 42 дена – регистриран еден „увезен“ случај

1595

Во Црна Гора е регистрирано едно лице заразено со ковид-19, а се работи за импортиран случај кој се наоѓа во самоизолација, соопшти Институтот за јавно здравје на Црна Гора.

Земјата на 2 јуни прогласи крај на епидемијата на коронавирус, откако претходно 28 дена немаше ниту еден регистриран случај на ковид-19.

Епидемиолошката анкета е во тек, а привите податоци укажуваат дека бројот на контакти со новозаразеното лице е минимален.

Во текот на викендот во Црна Гора се направени 128 тестови, наведуваат од Институтот.