Поради позитивен случај на коронавирус во своите редови, Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја одложи ждрепка за групната фаза од премиерното издание на Европската лига.

Причината за ваквата одлука е фактот што членот кој е задолжен за спроведување на протоколите меѓу кои и ждрепката закажана за денеска е заразен на вирусот ковид-19.

ЕХФ ја презакажа ждрепката за денеска, што значи дека македонските претставници Металург и Еурофарм Пелистер, подоцна од предвиденото ќе ги дознаат протвниците во групата.